Многу луѓе се увериле дека кога многу зборуваат за она што го планираат, секогаш нешто тргнува на лошо…

Духовните учители како кинеските мудреци и северноамериканските Индијанци говореле дека не треба однапред да се говори за своите планови и цели, бидејќи на тој начин се „растура“ енергијата потребна за остврување на целта.

Никому не говорете што планирате сѐ додека не се оствари. Со зборување ја растурате енергијата која ќе ви биде потребна за остварување на целта. Многу луѓе се увериле дека кога многу зборуваат за она што го планираат, секогаш нешто тргнува на лошо. За жал со овие приказни на луѓето кои немаат добри намери им давате прилика да ви ги пореметат плановите.

Ако сте избрале да живеете поздраво и помалку стресно, да се откажете од комфорот на модерниот живот, тоа не го зборувајте наоколу. Духовниот мир нема да го пронајдете ако вашето откажување е ориентирано само на физичкиот аспект.

Тоа што сте се откажале од некои работи во животот не значи дека сте подобри од другите луѓе. Ако нешто правите не зборувајте премногу за тоа. Најважно е некому да му помогнете, а не во очите на другите да бидете добри.

Некои предизвици се видливи за другите, други пак не се. Мудреците велат дека луѓето добиваат надворешни предизвици, а има и предизвици кои се случуваат внатре во човекот и никој не знае за нив. Затоа, кога сте направиле нешто храбро со што би сакале да се пофалите, задржете го тоа за себе. До вас можеби стои човек кој имал многу тешки борби во животот и ги победил, но не говори за тоа.
Колку помалку зборувате за проблемите во своето семејство дотолку повеќе тоа ќе биде појако и постабилно. Не зборувајте премногу ниту на своите пријатели бидејќи некои работи се решават само во семејството. Одбегнувајте да зборувате за својот приватен живот. Никогаш не заборавајте дека има поединци кои се радуваат на туѓа несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.