Симптомите на деменција не ги погодуваат само постарите луѓе. За да го намалите ризикот од деменција, одбегнувајте исхрана базирана на преработена храна, а јадете што повеќе медитеранска храна и движете се почесто.

Еве што уште можете да направите за да го намалите ризикот од деменција…

1. Одбегнувајте високо ниво на бакар во водата
Бакарот е неопходен за здрави коски, хормони и нерви. Но вишокот од овој метал има штетно влијание врз мозокот. Бакарот може да биде причинител за појава на Алцхајмерова болест. Сѐ уште е тешко да се каже која концентрација на бакар навистина е опасна, но подобро е да ги замените бакарните водоводни цевки. Исто така, добро е да користите филтри за вода за да го намалите процентот на бакар.

2. Одбегнувајте одредени лекови (како што се лекови за алергии)
Лековите кои имаат антихолинергични ефекти, обично се поврзуваат со деменција. Пациентите кои пијат антихолинергични лекови имаат намален метаболизам на мозокот и зголемена атрофија на мозокот. Хроничната употреба на низа антихолинергични таблети за спиење и лекови против поленска треска го зголемуваат ризикот од деменција.

3. Спијте во положба што е добра за вашиот мозок
Вашата положба на спиење игра голема улога за благосостојбата на вашиот мозок. Спиењето на страна го подобрува процесот на прочистување на мозокот, намалувајќи го ризикот од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

4. Одбегнувајте пестициди
Пестицидите се еколошки причинители на деменција, а тука спаѓаат ДДТ и инсектицидите. ДДТ веќе е забранет, но и понатаму е присутен во околината. Храната од животинско потекло и масната храна содржат највисоко ниво на ДДТ и производи за разградба. Многу современи пестициди го оштетуваат мозокот. Ова се случува кога се внесува храна третирана со ацетамиприд, неоникотиноиден инсектицид.

5. Живејте исполнет живот
Одредувањето на целите го намалува ризикот од развој на деменција. Исполнетиот живот го прави човекот среќен и позитивно влијае врз работата на мозокот.

6. Надоместете го дефицитот на витамин Д
Луѓето на кои им недостасува витамин Д се изложени на зголемен ризик од развој на деменција. Можете да ги покачите нивоата на витамин Д, така што ќе поминувате време на сонце и ќе внесувате храна со висока концентрација на овој витамин. Земањето диететски суплементи исто така е корисна стратегија.

7. Грижете се за оралното здравје
Грижата за забите и непцата ќе ви помогне во заштитата на мозокот од дегенеративни процеси. Постои силна врска меѓу лошата орална хигиена и Алцхајмеровата болест. Неопходно е да ги миете забите најмалку двапати дневно.

8. Шетајте најмалку трипати неделно
Одењето и кардиоваскуларните вежби помагаат за подобрување на мозочните функции, способности и размислување. Па така, редовното шетање може да биде првиот чекор кон здрав и активен мозок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.