Народните верувања за љубовта секогаш се интересна тема, без разлика дали верувате во нив или не. Се сметало дека одредени настани можат да ви ја предодредат судбината при пронаоѓањето идеален партнер, а народот навистина верувал во тоа. Еве во што верувал народот порано…

1. Кога двајца ќе се судрат со главите при обид да подигнат нешто, ќе се засакаат!

2. Ако секогаш успеваш да изедеш сè во чинијата, ќе имаш убав маж или жена.

3. Кога ќе ти се закачи некоја гранка, тоа е знак дека некој те обожава. Не треба да ја газиш гранката, туку да ја отстраниш со рака.

4. Розата од чија средина расте пупка се вика свршеничка роза. Ако ја пронајдеш, тоа значи дека набрзо ќе се венчаш.

5. Ако ти се закачи трн за фустанот, тоа е знак дека наскоро ќе одиш на свадба.

6. За да ги избркаш непожелните додворувачи, носи цвет од рен со себе.

7. Изеди ја првата темјанушка што ќе ја пронајдеш напролет, бидејќи така цела година ќе те сакаат твоите најблиски.

8. Кога ќе видиш дека стрелките на часовникот се поклопиле, некој мисли на тебе.

9. Ако најдеш јајце со две жолчки, некој ќе се венча наскоро.

10. Ако најдеш бел конец во гардеробата, некој црн маж/девојка мисли на тебе и обратно!

11. Ако ти падне нож и се забодеш, ќе доживееш неверство од личноста што ја сакаш.

12. Немој да го менуваш свршеничкиот прстен за да не ти се наруши животот.

13. Ако на денот на венчавката врне, невестата многу ќе плаче за време на тој брак.

14. Момчето не смее да ѝ подарува обетки на девојка му, бидејќи така нивната врска набрзо ќе заврши.

15. Се верува дека времето на двајца вљубени им е одбројано, ако едниот од нив му подари часовник на другиот.

16. Младоженецот не смее да ја види невестата во венчаница пред свадбата, бидејќи тоа ќе им донесе несреќа во бракот.

17. Невестата не смее самата да си ја шие венчаницата.


Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.