Без оглед дали станува збор за училиште, факултет, работно место, дома или во некои други животни ситуации, често веднаш се забележува дека некои луѓе се успешни во која било улога што ја преземале. Дали се во прашање работни обврски, чистење и средување на домот и градината, чување на децата, секогаш го остваруваат она што го зацртале. Покрај тоа, тие луѓе секогаш имаат и добри совети, предлози и решенија за тие околу нив.

Таквите луѓе имаат јаси лидерски способности, коишто ги водат из животот. Тие практично сеогаш поседуваат барем по неколку од следните лични карактеристики.

Оригиналност

Лидерите никогаш не одат по патиштата на другите, туку секогаш имаат некое свое решение и поинакви замисли. Другите за вас велат дека сте креативни и на некој начин визионери.

Имаат план

Лидерите секогаш имаат план што ќе прават и како ќе прават. Дури и тогаш кога се чини дека импровизираат, тие всушност однапред ги промислиле сите можни сценарија и се подготвиле за секое од нив, затоа што ништо не смее да ги изненади.

Пријатен карактер

Добри лидери се оние кои имаат високо развиена социјална и емотивна интелигенција. Ги разбираат туѓите перспективи и ги прифаќаат туѓите гледишта.

Љубопитност

Имаат отворен ум, копаат, бараат одговори на прашањата кои ги мачат сѐ додека не донесат конечен заклучок.

Вредни сте

Без работа нема успех. Луѓето кои секогаш даваат сѐ од себе со својот пример стануваат лидери.

Другите сметаат на нив

Ако луѓето се потпираат на вас, тоа значи дека веруваат во исполнувањето на вашите ветувања, а тоа е она што се бара од лидерите.

Другите го следат нивниот пример

Најмоќниот облик на водство не е убедувањето, аргументот или силата, туку добриот пример. Ако луѓето природно ве следат, очигледно е дека во вас лежи голем лидер.

Страственост и самодоверба

Да бидете полни со самодоверба и стравствени значи да не дозволите што било да ви се испречи на патот кон она во што верувате.

Скромност

Од сите карактеристики, скромноста е најважна. Лидерите кои ги познаваат своите слаби страни и ранливоста, признаваат дека не се совршени и единствено така можат да ги усовршуваат новите знаења и вештини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.