Баба Ванѓа почина во август 1996 година, оставајќи зад себе бројни пророштва кои се однесуваат на нашето и идното време.
Се верува дека оставила три важни пророштва кои би можеле да се остварат во 2023 година, пишува Sky history.
Разорна соларна бура
Едно од поалармантните предвидувања за 2023 година што ѝ се припишува на Баба Ванѓа се однесува на соларна (сончева) бура што може да има фатални последици.
Терминот „сончева бура“ може да се однесува на неколку феномени. Моќни ерупции можат да стигнат до Земјата и да предизвикаат геомагнетни бури кои потенцијално можат да направат хаос.
Најдраматичниот пример во историјата бил настанот во Карингтон во 1859 година. Магнетната бура именувана по британскиот астроном Ричард Карингтон ги урнала телеграфските мрежи и предизвикала бројни пожари и електрични удари.
Доколку вакво нешто се повтори денес, ефектите врз секојдневниот живот би биле практично несогледливи.
Промена на орбитата на Земјата
Ова е особено фасцинантно пророштво, зашто последиците од дури и суптилни промени би биле исклучително сериозни.
На пример, температурните скокови и нивото на радијација би имале страшни последици за животната средина, односно за опстанокот на животот на Земјата.
Ваквата промена би можела да биде предизвикана и од, на пример, удар на астероид.
Употреба на биолошко оружје
Баба Ванѓа имала визија за 2023 и за употреба на биолошко оружје кое би било тестирано од една голема земја/сила.
Невозможно е да се знае точно на која земја се однесуваат овие прогнози на Баба Ванѓа, исто како што не е јасно колкав би бил обемот на таквите експерименти.
Пророштвата на Баба Ванѓа честопати биле многу криптични и затоа се и често погрешно протолкувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.