Врз основа на датумот на раѓање можете да дознаете која година ќе ви биде клучна во животот, бидејќи во неа ве очекуваат случувања што можат да ви го сменат животот од корен

Според нумерологијата, бројките имаат многу силна симболика во нашиот живот. Можат да ни дадат насоки за некои од најважните случувања и одлуки, а со нивна помош можете да откриете и која година ќе ви биде клучна во животот.

Како да пресметате?

За да дознаете кои се најважните години во вашиот живот, треба да го пресметате важниот број со помош на датумот на раѓање. Врз основа на тоа, ќе ја добиете низата години во кои ве очекуваат големи животни промени. Затоа, добро следете ги знаците покрај патот.

Постапката е следнава:
На пример, родени сте 09.11.1986.

Треба да ја земете последната цифра од годината на раѓање и нумерички да ги додадете месецот и денот.

Собирате: 6 + 1 + 1 + 0 + 9 = 17.

На годината на раѓање 1986 додавате 17 и добивате 2003. Ова е првата важна година во вашиот живот.

Потоа, ја повторувате операцијата: 3 + 1 + 1 + 0 + 9 = 14.

14 + 2003 = 2017.

И така пресметувате и понатаму, додека ја добиете низата важни години.

Ако собирањето на денот и месецот резултира со број помал од 6, односно со 1, 2, 3, 4 или 5, тогаш ќе морате да го додадете истиот број на годината на раѓање.

На пример, родени сте 01.12.1999.

1 + 2 + 0 + 1 = 4. Тоа значи дека вашиот личен број на судбината е 4 плус последната цифра од годината, односно 9.

4 + 9 = 13. Важните години за вас ќе се повторуваат на секои 13 години.

1999 + 13 = 2012, па 2025, 2038 и така натаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.