Криењето на аферите не е едноставно, бидејќи сомнежите, прашањата и грижите честопати испливуваат на површината. Па така, ако вашиот партнер се обидува брзо да се дистанцира, веројатно го прави тоа за да смисли изговори и објаснувања. Експертите за врски укажуваат на тоа дека постојат одредени фрази што ги издаваат неверните партнери.

„Не можам веќе вака“

Ако вашиот партнер се плаши дека неговите лаги би можеле да излезат на виделина, можеби дури и ќе ви навести дека сака да прекине со вас, предупредуваат психолозите. Но наместо да преземе одговорност, ќе ве натера да се почувствувате како вие да сте виновни и дека вашите постојани барања се претерани.

Оној што изневерува сака да ги задржи работите скриени, па многу полесно му е да обвини отколку да преземете одговорност. Овие луѓе користат заканувачки реченици како ‘не можам веќе’, што може да предизвика страв кај партнерот и тој може да попушти“, велат психолозите.

„Ми треба малку време за себе“

Во превод ова значи „остави ме да уживам со друг човек додека одлучам што ќе правам со себе“. Секако, тоа не мора секогаш да е така, некои луѓе имаат работни, финансиски и други проблеми, но ако оваа реченица е придружена со постапки кои укажуваат на рамнодушност, сè е јасно.

„Вечерва излегувам со другарките“

Ни ова не е проблематично ако не е зачестено и ако и вие самите немате некое чудно чувство во врска со нејзината приказна. Ако ви се чини дека ве лаже, веројатно тоа навистина е така.

„Проблемот е во тоа што не ми веруваш веќе“

Ова можеби е добитната реченица! Таа навистина опишува дека нешто се случува. Обично, луѓето кои изневеруваат ѝ ја префрлаат вината на другата личност, со желба тие да бидат во право.

Не заборавајте дека ако сте посакале некој друг, време е да раскинете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.