Пензионирањето ни изгледа одлично, имате многу слободно време за патување, истражување на ново хоби и поврзување со пријателите. Но, ако сте како многу постари лица, вашето пензионирање можеби нема да биде толку исполнето како што некогаш сте замислувале.

Преселувањето во дом за постари лица нуди возбудливо ново поглавје во животот на една личност. Без разлика дали сакате да го вкусите добриот живот во безбедна средина или ви треба помош при секојдневните активности, нашите домови за стари лица „Феникс“ постојано се менува за подобро да им служат на своите резиденти, вели Методија Стевановски менаџерот на домовите за стари лица „Феникс“.
Според него менаџирањето на домови за стари лица е вистински предизвик, првенствено затоа што е нова бранша, постои кратко време на пазарот и пополека станува она што треба да биде, меѓутоа треба уште да се развива и да се гради. Имаме големи амбиции за во иднина, сакаме да го изградиме како бренд, како ланец на домови. Не само во Скопје, туку и во останатите градови ширум земјава, вели Стевановски.

Најголем процент семејствата се тие кои бараат помош од домот за сместување на своите родители или пак роднини, но во изминатите години расте и бројката на стари лица кои сами се приклучуваат и ги разбираат бенефитите од ваквото домување.

Нештата се менуваат и по моделот на Западните земји, токму овие места се потреба пред се за повозрасните, бидејќи грижата и негата се 24 часа, секој ден, една од најважните придобивки за нив, но и за нивните семејства. Исто така  постојат и посебни одделенија кои се посветени на пациенти со специфична дијагноза како што е деменцијата, паркинсон или од друга сериозна болест.

Сопругот падна, ја скрши ногата и отиде во болница. Иако состојбата физички се подобри, сепак тој не можеше да прооди. Во тоа време почна Kовидот  и јас сама пазарував, сама се грижев за сопругот, но се инфициравме со Ковид. Тоа беше страшно, буквално немав сила за ништо, паѓав на паркетот и таму лежев се додека децата не дојдат да ми помогнат. Во исто време и синот и снаата се инфицираа и всушност целата фамилија бевме болни. Токму затоа дојдовме со намера додека не се оправиме од последиците од Ковид. Но навистина ни се допадна и одлучивме да останеме, раскажува Марија која има 81 година.

Нејзината пријателка пак Иванка, живеела сама, а ќерките и се во странство, многу често ја грешела медицинската терапија и се потешко и било да излегува до продавница или пак за други потреби.

Тоа лето пред да дојдам имав некои проблеми со срцето, сите обврски ми станаа се потешки, децата не се тука. Една од ќерките работи во сличен дом за стари лица во Германија и ми предложи да видам дали ќе ми се допадне. Овде сум година ипол, имам пријатели, прекрасна храна, вежби, а што е најважно докторот секој ден ја проверува психофизичка здравствена состојба, а сестрите дури и ноќе ме потсетуваат да се напијам таблети. Истото го прават и во Германија, нема разлика, раскажува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.