„На 30-ти август Полихроно вриеше од медузи… Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии…“, вели Александра Василева, која објави и фотографии од медузите на Фејсбук.
Во Фејсбук групата „На одмор во Грција“ осамнаа фотографии направени на 30-ти август во Полихроно на првиот крак во Грција.
Ова место, на 98 км југоисточно од Солун, непријатно ги изненадило туристите кои сакале да уживаат во водите на Егејското Море, а една туристка од Македонија одблиску ги фотографирала медузите.
Фотографиите се на Александра Василева, а нејзината објава гласи:
„На 30-ти август Полихроно вриеше од медузи… Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии…
Во морето кај и да се свртиш ги имаше, а приквечерината веќе излегуваа и на брег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.