Сообраќајната полиција во Србија од денеска 7 август до понеделник 14 август ќе ја засили сообраќајната контрола на патиштата, јавија српските медиуми. Таа акција ќе биде насочена кон контрола на брзината на движење на возилата.

За време на акцијата што се спроведува истовремено во 30 европски земји членки на организацијата ROADPOL (мрежа на сообраќајната полиција на Европа), сообраќајната полиција ќе ги употреби сите расположливи уреди за мерење на брзината на движење – рачни радари, радари во Системи за видео надзор и уреди за мерење на брзина во возила без полициски ознаки, таканаречени пресретнувачи, додека просечната брзина на возилото ќе се мери на автопатите со помош на проширен и подобрен систем.

Исто така, одреден број патроли ќе ја евидентираат брзината на движење без да го сопрат возачот, а сопствениците на возила кои ќе бидат снимени како ја надминуваат дозволената брзина ќе добијат покана на домашна адреса да се изјаснат зса идентитетот на лицето што го сторило прекршокот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.