Новата снежната покривка што се формираше на Пониква создаде идеални услови за скијање на ски-патеките на Спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.

Љубителите на зимските спортови в среда (17.01.2024),  ќе имаат можност повторно да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.

Ски-патеките 1 и 3  се целосно израмнети и подготвени и ќе бидат отворени за ноќно скијање од 17:00 ч. до 20 часот, информираат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.