Домашните капацитети во Скопје, Охрид, Крушево, Дојран и Битола, но и во зимските центри, за новогодишните и божиќните празници ќе бидат исполнети 70 до 80 отсто. Ова е оценката на Љупчо Јаневски, кој до пред два дена беше директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Во разговор за МИА, направен пред да поднесе оставка од функцијата, Јаневски ги коментираше актуелните состојби, но и проекциите за наредниот период. Рече дека во 2024 година очекува донесување на стратегијата за туризмот, прераснување на Агенцијата за туризам во министерство, создавање туристичка инспекција и туристичка полиција, како и дигитализација на секторот преку е-платформа која ќе овозможи, како што истакнува, реално планирање и објективни бројки, намалување на сивата економија и нов инвестициски циклус.

Јаневски, како што изјави за МИА, поднесе оставка од лични причини.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.