Единствената морска дестинација во Босна и Херцеговина годинава може да биде место за летување и за македонските туристи. Според последната спогодба меѓу двете земји, во БиХ може да се влезе и со македонска лична карта, но со новото име.
Дестинацијата не е атрактивна како Грција, Турција или Египет, но нуди поволни цени и чисто море.
По должината на брегот на Неум има уредени плажи, кои најчесто се со ситни камчиња. Има доста хотели со приватни плажи.
Доколку сакате да престојувате во хотел со четири ѕвезди, полупансион по лице во јуни и септември е од 40 до 65 евра.
Во јули и август овие цени се од 50 до 80 евра.
Што се однесува до апартманите, на „Букинг“ може да најдете за цена од 35 евра од ден, во зависност од локацијата и опремата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.