Wine Berry стана дел од проектот на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ која континуирано работи на развојот на активниот туризам во земјава. Со овој проект, се поддржуваат малите македонски семејни винарии и нивното поврзување со национални тур-оператори во насока на зголемен економски развој.

Во овој проект Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда, јавање коњи низ недопрената природа на Бистра и Стогово каде што страста за јавање коњи се спојува со убавината на виното и се дополнува со ново, уникатно искуство – дегустација на македонски вина. На овој начин не само што се претставуваат македонските винарии пред светот, туку и се поттикнува свеста за заштита на животната средина и одржливиот пристап во туризмот. Понатаму промоцијата на малите семејни винарии продолжува преку заедничкото претставување на интернационални саеми, како што е Wine Vision by Open Balkan, аплицирање за наградување на вината, организирани посети и дегустациски тури, како и други типови промоција преку различни комуникациски канали достапни за јавноста.

Целосната сторија подготвена од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е достапна на следниот ЛИНК.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.