Македонските граѓани полека почнуваат да ги планираат летните одмори, а покрај трошокот за патување, сместување, сè поважна ставка во буџетот за одмор е и храната. Во Грција, која сè уште важи за омилена летна туристичка дестинација на македонските граѓани, покрај сместувањето, кое е поскапено за 20 до 30 отсто, зголемени се и цените на храната.

Така, гирото, кое е омилено јадење на македонските туристи, оваа година не може да се најде под 4 евра, односно цената сега, надвор од сезона, се движи од 3,5 до 5 евра, а растуреното гиро веќе стигна до 10 евра. Освен гирото , зголемени се и цените на храната во маркетите, но приближно на исто ниво како и во другите земји.

Од туристичките агенции велат дека и оваа година најголем интерес за летување има за Грција, а поради инфлацијата, аранжманите за ова лето се поскапени за 20 отсто. Аранжманите за претсезона веќе се распродадени. Најголем интерес и годинава има за Грција, но, исто така, многу барани се и Албанија, Црна Гора и Турција. Поради инфлацијата, цените за сместување во Грција годинава се зголемени од 20 до 30 отсто. Голем дел од граѓаните ги искористија големите попусти за ран букинг и си резервираа одмор по стара цена,

Целата анализа на „Вечер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.