Популарните плажи Куба Либре, Кадмо и Потпеш добија старо-нови концесиониери по денешното јавно наддавање, дознава OhridPress.
Станува збор за компаниите кои и претходно ги стопанисуваа овие популарни објекти, а според најавите од Општина Охрид, по разгледувањето на евентуалните приговори, имињата на правните субјекти кои ќе ги стопанисуваат плажите, ќе бидат соопштени во четврток.
Вчера се одржа аукцијата по повикот за јавно наддавање за закуп на урбана опрема – шанкови во Охрид, по огласот кој охридската локална самоуправа го распиша за закуп во периодот 2023-2026 година. На повикот пристигнаа вкупно 59 понуди, од кои 49 со комплетна документација. Новите сопственици ќе треба да издвојат најмалку 720 илјади денари за површина од 800 м2 или нешто над 11 илјади евра, колку е минималниот годишен закуп за најскапиот шанк кој ќе се издава на охридското крајбрежје. Останатите цени за поставување шанкови се движеа од 567 илјади за третата понудена локација и закупени 630 м2, и 513 илјади денари за запуп на 570 м2 за втората понудена локација. Најниски цени на закуп се бараат за локациите број 13 и 14, за кои за закуп на по 150 м2, новите сопственици ќе наддаваат по почетни цени од 75 илјади денари.
Најголемо внимание очекувано привлекоа локациите кои се најблиску до градот, каде и претходно имаше популарни објекти. Зголемениот интерес се должи и на ниските почетни цени за закуп, кои секако ќе бидат далеку повисоки, но сепак претставуваат „мамка“ за потенцијалните старо/нови закупци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.