Летово во неколку наврати се прекина сончевото и летно време на црногорското приморје, но до крајот на месецов, сепак, ќе биде повеќе од поволно за туристите кои решиле таму да го поминат летниот одмор.
Првиот ден од викендот ќе донесе поголема облачност, на места појава на локални врнежи со грмежи, а најголеми шанси за врнежи има во Бока Которска и во внатрешноста на Јадранот. Но, веќе во недела ќе има претежно сончево време со мала облачност.
За време на викендот ќе дува североисточен ветер и ќе биде топло. Утринската температура од 22 до 24°С, а дневната од 33 до 35°С.
Во текот на целата наредна недела на црногорското крајбрежје под влијание на висок воздушен притисок од Медитеранот ќе биде ведро и многу топло со вистинско летно време.
Утринската температура до 25°C, а дневната од 33 до 35°C, локално во некои денови од 35 до 37°C.
Според досегашните прогнози, стабилното и многу топло време ќе се задржи до крајот на месецот.
И морето е многу топло. Температурата на површината на Јадранското Mоре ќе биде од 26 до 28°С, што е за 2 степени повисока од просечната.
Така, до крајот на август времето ќе биде идеално за престој на море, а според досегашните долгорочни прогнози убавото време ќе продолжи и во текот на првата половина на септември со мало преодно влошување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.