Авантуристичкиот клуб Mountain Madness по четврти пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.

Фестивал на планината и езерото. Авантурата започнува во сабота на 17 јуни со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото. Оваа тура се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро (21 јуни). Авантурата продолжува во попладневните часови со логорување во месноста Корита кадешто се организира камп со логорски оган и уживање со звуците на гитарата. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 18 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во времетраење од 5 часа во двата правци.По искачувањето на Магаро ќе се организира забава на плажата во автокампот Љубаништа со жива музика и ди-џеј се до зајдисонце. Во рамките на овој фестивал се планира и есенско искачување на Магаро во месец септември, датумот ќе биде накнадно објавен, велат организаторите.

Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во ист ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.
За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Обезбеден е автобуски превоз од Охрид до стартот и назад по симболична цена (за превозот дополнително ќе ве известиме). Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност и за секое непочитување на маршутата и правилата поставени од организаторот сам одоговара за последиците.
За подетални информации може да не контактирате на 070771193 Танески Мишко и 075607608 Голабоски Жанко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.