Двајца Срби ги вжештија социјалните мрежи во регионот откако напишаа навредувачки текст за т.н патлиџан туристи“, односно за оние луѓе кои со себе си носат храна на одмор.

Веднаш им се нафрлија оние кои тоа го прават бидејќи се принудени поради високите цени, посебно во Грција, и оти мораат да се снаоѓаат за да можат на своите деца да им обезбедат барем седумдневен одмор на море.

Зошто носите грав и сарма, покрај морски плодови

Замислете го ова: одите на море, со месеци сонувавте за таа плажа и сонце, а потоа… туристи со домати. Но зошто? Зошто се мачат, трошат пари и доаѓаат да се однесуваат како да ја заборавиле својата куќа?Прво и основно, да зборуваме за храната. Добро, сфаќам дека некои луѓе немаат пари за ресторани секој ден. Но, дали навистина е потребно целата плажа да се задуши од мирисот на грав и сарма? Каде отиде тоа задоволство да пробаш локални специјалитети, да уживаш во свежа морска храна?Сфаќам дека многумина од вас дошле на море само да готват секој ден. Наместо да го користите одморот за да се опуштите и да уживате во морска храна, вие ги влечете вашите тенџериња и тави , претворајќи ја плажата во импровизирана кујна. Уморни од готвење дома? Не можете ли да се почестите и да се препуштите на привлечноста на локалната кујна? – прашуваат „богатите“ туристи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.