Грција е една од омилените дестинации за одмор на Македонците, а годинава сместувањето  и храната се поскапи за 10 отсто.

Како што пренесува „Грција Инфо„“ цените на храната и пијалоците на грчките острови се повисоки за околу 10 отсто, па затоа кој годинава планира летен одмор на брегот на Јонското и Егејското море треба да знае еден леб, конвертирано во српска валута ќе чини од 70 до 120 денари  додека порција гиро од седум до 10 евра.

Повеќето од нашите туристи се одлучуваат да престојуваат во грчки апартмани, а оние кои сами си подготвуваат храна треба да знаат дека сезонава ќе платат 180 денари чинат  килограм домати, 260 денари за пакување јајца, 150 денари за литар сончогледово масло, а  1.300 денари фета сирење.

Порција храна во рестораните во просек чини околу 10 евра. На пример, порција гиро е околу 500 денари, пица од 350  до 700 денари, пиво околу 360, сокови од 180 до 350 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.