Климатските промени донесоа отровна риба во Јадран. Рибата крстосувач со сребрени пруги, која е многу отровна стигнала до Јадранското Море како резултат на топењето на морето.
Научниците велат дека крстосувачот е многу отровна и смртоносна риба. Додаваат дека нејзиниот многу силен и термостабилен отров се наоѓа во кожата, гонадите и месото.
Од логични причини, конзумирањето на оваа риба е забрането во Европа, но во Јапонија сѐ уште се смета за деликатес таканаречената риба фугу.
Раководителот на лабораторијата за ихтиологија и крајбрежен риболов при Институтот за океанографија и рибарство во Сплит, Јаков Дулачиќ во изјавата за медиумите рече дека станува збор за вид широко распространет во Индискиот Океан, западниот дел на Тихиот Океан и Црвеното Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.