Хуакачина е мало селце изградено околу пустинска оаза во Перу. Оваа лагуна е целосно опкружена со прекрасни песочни дини и палми. Хуакачина е задолжителна станица за оние кои бараат забава и авантура во оваа јужноамериканска земја.

Лагуната Хукачина се наоѓа на само 20 минути од градот Ика, и е идеално место да се исклучите од рутината, да се одморите и зошто да не – да вежбате некои авантуристички спортови.

Познато како „Оазата на Америка“, овде ќе најдете мирно езерце опкружено со вегетација, патеки и широк спектар на хотели и места за престој и уживање повеќе од еден ден во ова прекрасно природно засолниште.

Природната убавина што ова место може да им ја понуди на туристите е толку голема што во 2017 година, британски „Телеграф“ ја вклучи оазата Хуакачина меѓу 21 најимпресивни дестинација во светот за посета, единствена во Латинска Америка на престижната листа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.