Од утре, 1 септември, до недела, 3 септември, Прилеп е домаќин на 20-тото издание на Фестивалот на пивото, насловен како „Бирвикенд“. Со изменет термин, но на истото место, во центарот на градот каде се поставуваат штандовите и големата бина, Фестивалот ќе понуди дегустација на познатиот пенлив пијалак, вкусна скара и добра забава за сите гости и посетители.

Фестивалот воспоставува ново руво, нагласува организаторот „Евент груп“ од Скопје.

-Годинашниов Фестивал на пивото по кој Прилеп е препознатлив ќе биде под нов бренд – „Prilep beer weekend“. фестивалот ќе понуди одлична програма, ќе има голем број учесници со свои штандови коиќе понудат вкусна храна, ладно пиво. Сѐ на сѐ, ќе имаме одлична можност три дена за забава кои ќе оистанат за паметење.Кога се нафативме да ја преземеме организација, бевме свесни за предизвикот. Досега е сѐ во ред. Имаме координативни состаноци со сите иституции за безбедно и непречено одвивање на Фестивалот. Организирани сме и за паркинг просторот, ќе има дополнителен. Означениот паркинг утре и в сабота вообичаено се наплаќа, дополнителниот ќе биде бесплатен, а во недела сѐто паркирање ќе биде бесплатно. Во Фестивалот внесуваме свежина, новини, оваа година е краток периодот за организирање, но догодина ќе има повеќе новини. Воспоставуваме приказна и за наредните години. Сметаме дека квалитетот ќе биде пресуден за успехот на Фестивалот во кој веруваме, изјави Дарко Крстески од „Евент груп“.

На Фестивалот ќе има забава за сите генерации и учесници, изведувачи од земјава и Балканот.

За граѓаните е битно што не се нарушува традицијата и Фестивалот треба да се одржува. Корисно е и за локалната економија и за туристичкиот развој на Прилеп. Терминот е променет, но да не се прекине традицијата на Фестивалот кој се одржува 20 години и по кој Прилеп е препознатлив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.