Светската туристичка платформа Big 7 Travel неодамна ја објави својата годишна листа на 50 најдобри плажи во светот.

Фактори според кои ја составиле листата се синото знаме, популарноста на плажата на социјалните мрежи и впечатоците на редакцијата.

На прво место тие ја ставија плажата Бела на Филипините, која ја опишуваат како „неуништен скапоцен камен“, а која може да се пофали со „лежалки, песок и кристално чиста вода“.

Второто место на оваа листа го зазеде плажата Кабо Сан Хуан во Колумбија, додека плажата Жалузи во Света Лусија е на третото место.

Кендва во Занзибар, плажата Вајтхавен во Австралија, Ансе Соурс д’Аргент на Сејшелите, плажата Навагио на брегот на Закинтос, плажата Ланг Ко во Виетнам и плажата Хиамс во Австралија, исто така, се најдоа на првите десет плажи на оваа листа.

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА. 

Во продолжение погледнете како изгледа плажата која е прогласена за најубава за 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.