Додека српски туристи на плажата кај грчкиот град Ставрос се капеле во морето останале шокирани кога забележале дека меѓу нив има необичен посетител, односно огромна морска желка која допливала многу блиску до нив.
Српските туристи внимателно и многу претпазливо ја турнале назад во длабочините, за да не се насука на брегот.
Треба да се напомене дека иако изгледа безопасно, всушност може да биде опасно. Ако се сретнете со морска желка мора да останете смирени и присебни за животното да не се исплаши и во афект да нападне, како што се случи пред неколку дена во Мани (на Пелопонез), пишува Тес.гр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.