Сезоната во Црна Гора само што започна, а оние кои веќе се таму уживаат бидејќи нема гужви, а морето е невообичаено топло за ова време од годината
Морето е навистина изненадувачки топло и е вистинско задоволство бидејќи нема многу туристи. Мирно е и не налетувате на никого, како да не сте во Црна Гора, споделува туристка за „92travel“, која во моментов е во Тиват.
Сепак, за да уживате под чадор и на лежалки, секако, треба да потрошите пари.
Во Тиват моментално комплет лежалки и чадор ви требаат 15 евра, додека на плажите надвор од градот за комплет бараат и 20 евра, споделува таа.
Што се однесува до другите цени, за фрапе на плажа треба да потрошите 2,5 евра, а за парче пица од три до три и пол евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.