Родители од Аризона се уапсени откако две недели го оставиле сам својот 11-годишен син.Оваа случка многу наликува на сцените од филмот „Сам дома“ каде малиот Кевин беше оставен за празниците сам заборавен дома.
Полицијата го уапсила парот минатата недела откако се вратиле во нивниот дом. Мајката ја напуштила земјата пред Денот на благодарноста, а таткото си заминал неколку дена по празникот.
Полицијата го посетила домот на 12 декември по пријава дека момчетостанало само во станот.Бидејќи полицајците не можеле да ги најдат родителите, момчето го сместиле во згрижувачко семејство. Момчето на властите им кажало дека има замрзната храна во замрзнувачот и дека не одел на училиште најмалку две недели.
Родителите, мајката (34) и таткото (40) се уапсени и обвинети за запуштање на детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.