На денешен ден во 1989 година излезе од производство првиот „ Dodge Viper“ . Овој американски автомобил кај нас стана популарен откако семејството на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски призна дека добиле на подарок.

Подоцна се правдаа дека тоа не бил нов автомобил туку некој крш кој не вреди ни пет илјади евра.

Нов и не може да биде бидејќи последниот „Доџ Вајпер“ излезе во 2017 година. Доџот на Рашковски беше вистиска револуција во тоа време со алуминиумски V10 мотор со брегаста оска и 400 коњски сили.Забрзуваше до 100 километри на час за 4,2 секунди и постигнуваше максимални 266 километри на час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.