Во случај да имате дефект со вашиот автомобил на пат – внимавајте! Веќе со години на српските патишта демнат влечни служби кои лажно се претставуваат како АМСС или негови странски партнери, предизвикувајќи штета на возачите и профитирајќи од туѓи несреќи.

Посипување масло на патот, ставање метални предмети кои предизвикуваат дупнатини во гумите, пробивање на радијатори на бензински пумпи и ленти за застанување и слични методи развиени со години се само дел од измамничките акции што овие пиратски служби ги користат за да направат работа и профит за самите себе, загрозувајќи ги животите на возачите.

Очајните возачи и патници нивната помош ја доживуваат како среќа во несреќа, без да се посомневаат дека се работи за планирано криминално дело. Имено, по правило, лажните влечни служби ги носат автомобилите во сервиси каде се прикажуваат дефекти по високи и нереални цени или на некој друг начин манипулираат со возачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.