Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата.
Како заклучок, Владата донесе одлука за прифатливост на предлогот и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата.
Оваа иницијатива доаѓа во согласност со препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување субјект за управување, кој ќе се грижи за заштитеното подрачје, и донесување план за управување во согласност со одредбите од Законот за заштита на природата.
Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со акциски план (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ-директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската конвенција, CITES, Бонската
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.