На овој остров нема аеродром, има само една бродска линија која го поврзува со копното, а тоа е типична „врска на долги релации“ бидејќи бродот плови еднаш на секои три месеци.

Тристан да Куња е вулкански остров во јужниот дел на Атлантикот, именуван по португалскиот морепловец Тристан да Куња кој го открил во 1506 година.

Овој остров е најоддалечениот населен остров познат на цивилизацијата.

На помалку од 100 квадратни километри, на островот живеат околу 300 луѓе, а административно припаѓа на Велика Британија, иако е оддалечен речиси 10.000 километри од Лондон.

За време на последната вулканска ерупција што го погодила островот во 1961 година, целото население се преселило во Велика Британија. По завршувањето на елементарната непогода сите жители се вратиле во своите домови.

Најголем дел од приходите доаѓаат од морето, односно од риболовот и јастогот, кој е најпознат во светот, а речиси сите 100 семејства таму традиционално се занимаваат со риболов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.