На социјалната мрежа Фејсбук има предупредување за опасна риба која се појави во олимпискиот регион во Грција. Се работи за „риба змеј“, или морски пајак, и е многу непријатна и може да биде опасна доколку веднаш не се обезбеди помош.
Оваа риба најмногу се одликува со тоа што има отровни жлезди на првата лева перка, а перката на морскиот пајак е многу специфична по тоа што наликува на боцки. Поради опасноста што може да ја предизвика со своите отровни боцки, таа е рангирана меѓу најопасните риби.
При каснување од боцки, отровот делува како невротоксин и како хематотоксин кај луѓето, потоа навлегува во крвта и предизвикува оток на местото на убодот, а во некои случаи може да предизвика и некроза на кожата.
Оние кои доживеале убод како прв симптом пријавуваат силна неподнослива болка. Може да се појават и општи симптоми како зголемено потење, слабост, вртоглавица, гадење и повраќање.
Како прва помош треба веднаш да се стави ногата на повредениот во кофа со топла вода и на тој начин да се спречи отровот да се прошири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.