Иако пред само неколку месеци официјално беше објавена одлуката на ОАСП (Организација за антисеизмичко планирање и заштита) дека познатата плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе биде затворена за туристи поради лизгање на земјиштето, се чини дека туристите сепак ќе бидaт во можност да уживаат во нејзината убавина.

Но, од безбедно растојание.

Според последната министерска одлука, ќе се овозможи пристап, но само од море и на оддалеченост од 40 метри од брегот.

Одлуката за дозволениот пристап до плажата Навагио, нејверојатно, ќе важи до крајот на октомври. Сепак, пристапот до самата плажа најверојатно ќе остане забранет, а посетителите ќе може да пливаат во тиркизните води, но на безбедно растојание.

Бидејќи се работи за подрачје познато по сеизмичка активност, на 16 март годинава е донесена одлука плажата Навагио да се прогласи за небезбедна поради опасност од лизгање на земјиштето, пренесува „Грикрепортер“.

 

По лизгањето на земјиштето во 2018 година, водата на оваа плажа беше речиси целосно бела. Само една година пред тоа двајца туристи загинаа додека се обидуваа да направат селфи од карпата што гледа на оваа феноменална плажа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.