По повод светскиот ден на туристички водичи – 21 февруари Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници ќе организира бесплатен разглед во градовите Скопје и Битола.
Во Скопје бесплатните разгледи за нашите сограѓани ќе се одржат во сабота на ден 19.02.22 со почеток во 12, 13 и 14 часот. Појдовно место на разгледот ќе биде од меморијалниот центар на мајка Тереза преку плоштадот Македонија завршно со старата скопска чаршија. Доколку сакате да ги доживеете убавините на ова професија и да ја осознаете богатата култура и историја на нашиот град Ве повикуваме да ни се придружите, велат од МАТВП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.