Амбасадата на Република Македонија во Приштина во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираа дводневно информативно патување на дипломатски претставници – амбасадори со мандат во Приштина, Косово.
Присутни на информативното патување беа амбасадорите на САД, Јапонија, Албанија, Швајцарија, Луксембург, Шведска, Словенија, Турција, Германија и претставници на НДИ.

Соработката на АППТ со амбасадорката на Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи е за поздравување и е прв чекор во зајакнување на туристичката дипломатија на двете земји. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе овозможат успешна меѓуинституционална соработка помеѓу туристичката дипломатија на Република Косово и Република Македонија за враќање на туризмот и зголемување на бројот на туристи на регионално ниво. Туристичката дипломатија многу често има поголем ефект во промоцијата на една земја. За тоа сведоци се дипломатите кои учествуваа на ова информативно патување во нашата земја и секако ќе овозможи дополнителна перцепција за дестинацијата, вели директорот Љупчо Јаневски.

Дипломатите за време на информативното патување го посетија Струга, Охрид и св. Наум. Во стариот дел на Охрид ги посетија, црква Св. Богородица Перивлепта, Св. Софија, музеј на икони, презентација на охридски бисери, презентација на рачно производство на хартија, куќата на Робевци. Прошетката по кејот на реката Црн Дрим беше посебно уживање, како и дегустација на традиционална македонска храна, која никого не остава рамнодушен. Дополнително на гостите им беше презентирана визијата за развој на туристичкиот сектор до 2025 година.
Сметаме дека туристичката дипломатија треба се повеќе да е активна, вакви информативни патувања во текот на 2023 година се планира да се организираат и од Република Србија и Република Албанија, во духот на Отворен Балкан, но и од Република Бугарија и Република Грција како најблиски соседни земји, секако во соработка со нашите амбасади и почесните конзули на Република Македонија во горенаведените земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.