Дали некогаш сте се запрашале дали повеќе ја сакате ноќта или денот во градовите во кои патувате? Секогаш се прашувам по секое патување, бидејќи секој град ми пее различна песна ноќе и дење. Скопје е еден од оние градови што кога ќе се стемни изгледаат како да пеат романтични песни во париски стил, истакнува Озге Шенгелен за „Дејли сабах“, a пренесува „Нова Македонија“.

Во репортажата на „Дејли сабах“, Македонија е наречена татковината на Александар Македонски и Мајка Тереза.

Додека Скопје, главниот град на Македонија, блеска со париска романса ноќе и ве фасцинира, прекуден се претвора во Рим со своите скулптури и структури, кои личат на музеј на отворено. Се разбира, овие скулптури и структури не потекнуваат од толку длабоковкоренетата историја како онаа на Рим. Сепак, Скопје сака да претстави дека има длабоковкоренета историја. Тој е град со вкус на музеј на отворено и наследство за иднината, особено со статуите и гигантските градби подигнати на градскиот плоштад, околу Камениот мост и во многу други делови. Скопје, кое се обидува да биде прифатено во регионот, е место каде што можете да поминете многу време, дење и ноќе, иако тоа може да изгледа мало.

Скопје, кое ме прави да се чувствувам како дома и во мир секогаш кога ќе дојдам овде, има поинаков дух. Ниту е баш европски ниту баш османлиски град. Додека ги следите трагите од османлиското владеење на едниот брег на реката Вардар, кога ќе го поминете Камениот мост на спротивната страна ве пречекува светол модерен град…

Целиот текст тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.