Деветнаесетгодишната Ив Ковач од Конектикат, САД, решила полнолетноста да ја прослави со патување низ Европа. Таа за „Дејли мејл“ ги раскажува авантурите низ Стариот континент. Како што вели најмногу ѝ се допаднала Италија, а единствена земја каде што не се чувствувала безбедно била Албанија.
Мажите во Албанија! Се чувствував како плен. Дури и мажите кои седат со своите сопруги си ги кршат вратовите за да зјапаат во тебе додека одиш по улица, раскажува таа за најлошо искуство, велејќи дека таму чувствувала како „мета“.
Таму некој дури и ме допре за косата дури бев во супермаркет, а неколку луѓе ме фотографираа. Сфатив дека бидејќи сум русокоса и ниска, со сини очи, можам да бидам лесна мета, додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.