Aлбанија станува се попривлечна дестинација за македонските граѓани.Но, не само за одмор туку и за купување на недвижност.
Па така,наместен стан во место Голем недалеку од морето чини околу 44.500 евра за 63 квадрати. Можете да најдете и гарсоњера од по 50 квадрати по цена од 35.000 евра, наместени.
Становите во Шењин на 90 метри од море, од 63 квадрати, чинат 51.500 евра, но не се наместени. Стан од 65 квадрати кај плажата Манго во Саранда чини 58.000 евра, додека двособен стан од 48 квадрати во Орикум кај Валона чини 48.000 евра.
Сè на сè, кој планира да купи стан на крајбрежјето на морето во оваа земја, може да го купи за просек 1.000 евра за метар квадратен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.