КЦП Центар-Јадро на 26ти мај (петок) во 20:00 часот го организира настанот „Партиципативна забава “.

Овој отворен настан е дел од работилницата за партиципативна уметничка пракса  која во месец мај се реализираше во КЦП Центар-Јадро под менторство на  визуелната уметница Кристина Божурска и е на некој начин практична вежба со кој се завршува оваа работилница.

Овој отворен настан е забава на која сите се поканети!
Моделот за забавата е превземен од уметникот Оливер Херинг/ Oliver Herring кој на својот блог дава насоки за спроведување на забавата и повикува било кој било каде да ја организира со можности за своја интерпретација.
Идејата е да се покани публиката да се ослободи, да излезе од зоната на комфорот и меѓусебно да се поврзе преку посочени но непредвидливи облици на развој на зададената структура. Играта, која кај децата е главната алатка преку која учат размена и соработка е клучна за оваа забава. Сакаме да ги потенцираме овие концепти на игра со идеи, поврзување и заедништво и да ја поканиме публиката да се вклучи и да ја
потврди нивната важност.
За да продолжи да се развива овој концепт на меѓусебна соработка, размена, споделување и игра, посетете го КСП Центар Јадро и после 26ти мај и земете учество во иницијативата #јадросандаче, велат организаторите.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.