Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 5-ти до 8-ми март, базар на кој ќе се претстават 26 модерни ракотворци.
Креативците кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената ќе се претстават со широк спектар производи од храбро конципиран еклектичен накит, преку уметници, кои компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Aвторките ги раскажуваат своите приказни, на еден современ и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците ќе се претстават и со вегански козметички производи за нега и убавина, производи од свила, домашно направени колачи и чоколади и со цветни аранжмани.
Четиридневниот базар ќе се случува на приземјето во Скопје Сити Мол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.