Персеидите се речиси пред нас, а НАСА одговара на прашањата за тоа како да видите што е можно повеќе „ѕвезди кои паѓаат“. Главен совет на НАСА е да излезете од градот и пронајдете темно рурално место, пишува „Форбс“.
Метеорскиот дожд Персеиди трае од 14 јули до 1 септември 2024 година, но ќе го достигне врвот ноќта од недела, 11 август, до понеделник, 12 август. Иако можеби веќе сте виделе некои Персеиди во изминатите години, тоа е таа врвна ноќ кога треба да бидете секогаш подготвени.
Времето оваа година е совршено за гледање на овој спектакл на небото.
Овогодинашните Персеиди ќе бидат малку погодени од растечката Месечина за 53 отсто, но Месечината ќе зајде додека Персеидите ќе почнат да го достигнуваат врвот.
Излезете од градот! Обидете се да стигнете до најтемната локација што можете. Колку е потемно местото каде што сте, толку повеќе метеори ќе видите како шараат низ небото“, се вели во блог пост објавен од НАСА.
Локацијата со јасен, непречен поглед на ноќното небо е од суштинско значење, но она што ви треба повеќе од се е ведро, темно небо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.