На четиричасовниот спектакл во Париз на отворањето на Олимписките игри свој печат остави и настапот на Лејди Гага, која се појави во гламурозен костим од пердуви.
Во кабарето оскаровката, која во кариерата освои и 14 Греми награди, ја изведе песната на легендарната балерина и пејачка Зизи Жанмер „Mon truc en plume“ („My feathered Thing“) во соодветна облека – сатенска биста и здолниште со розови пердуви.
Модната куќа Диор, која го направи импресивниот аутфит, веќе објасни дека ниту една птица не е повредена, иако сите пердуви се природни. Ниту еден од нив не е искубан!
Честитки до сите спортисти на Олимпијадата во Париз! Беше апсолутна чест да пеам за вас и да навивам за вас! Секогаш плачам гледајќи ја Олимпијадата! Има огромени таленти! Нека почнат игрите!, напиша Гага по настапот.
Истата модна куќа го изработи и белиот фустан на Селин Дион, кој за прв пат се појави на сцената по 2022 година, кога таа откри дека боледува од таканаречениот синдром Стиф Ман.
Токму нејзиниот настап беше врв на вечерта заедно со палењето на олимпискиот оган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.