Британската модна икона Вивен Вествуд во 2006 година беше единствената жена вброена меѓу петте највлијателни дизајнери на 20. век. Вествуд, легендата која што вистински го живееше панкот почина на 29 декември, на 81 година, во Клафам, Јужен Лондон. Таа стана позната со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови во 1970-тите и стана една од најзначајните современи дизајнери во светот.

Не еднаш, туку два пати Вествуд “заборави” да облече долна облека кога го сретна кралското британско семејство.

Не носам со фустани. Може кога носам пантолони да ги позајмам свилените боксерки од сопругот, велеше таа.

Пред да стане моден дизајнер, Вивиен работела како наставничка во основно училиште и дизајнирала накит во слободно време.

И двата сина на Вествуд имаат свој соптвен бизнис. Помладиот Кори Џозеф е основач на добро познатиот бренд за долна облека Agent Provocateur. Постариот е еротски фотограф.

Пресврт во нејзината кариера се случува во 1985 година, со создавањето на волуменозното здолниште кринолината, во памучна и твид варијанта.

Во 1989 година Вивиен се облече кака Маргарет Тачер за насловната на списанието Tatler, облечена во црно одело и бисери.

Таа не ја следеше поп културата, ниту пак беше фан на мејнстрим филмовите, па немаше воопшто идеја која е Ема Ватсон кога актерката ѝ ја додели наградата за стилска икона во 2011.

Фамозниот венчален фустан на Кери Бредшо од филмот „Сексот и градот“ беше креација токму на Вествуд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.