Постојат некои парфеми кои се вечни, кои се спротивставуваат на сите трендови, за кои времето не може ништо и кои жените секогаш со задоволство ќе ги носат.
Ова е листа од 10 парфеми кои никогаш нема да излезат од мода.
1. „J’adore“, Диор
Модерниот, гламурозен парфем е создаден во 1999 година. Сладок, но лесен, малку остар цветен мирис со свежина на мандарина во горната нота, јасмин, слива, орхидеја и роза во срцето, мошус и капина. Стана неверојатно популарен, поради што доби неколку негови варијации во различни концентрации. Класичноста и „амбицијата“ на парфемот се рефлектира во неговото шише во форма на грчка амфора.
2. „CK One“, Келвин Клајн
Еден од првите парфеми во светот кој го носеше епитетот унисекс. Парфемот „CK One“ дури се смета за своевидно чудо бидејќи и покрај тоа што не е врвен мирис, успеа да стекне култен статус и да ја задржи својата популарност и денес. Во создавањето на парфемот кој се карактеризира со свеж мирис на цитрус, кој се појави на пазарот во 1994 година, Келвин Клајн најде инспирација во однесувањето на својата ќерка и нејзиното општество – провокативен стил со „политичка коректност“.
3. „Chloé Eau de Parfum“, Клои
Посебен, сензуален и префинет мирис за сите прилики и сите сезони. „Chloé“ е извонреден спој на цветови кои вклучуваат божур, личи и фрезија во горните ноти, роза, магнолија и крин од долината во срцето над база од кедрово дрво и килибар. Доколку сакате оригинален мирис кој буди чувство на класика, тогаш Клои е идеалниот парфем за вас.
4. „Chanel No 5“, Шанел
Најпознатиот парфем на сите времиња е создаден од Ернест Бо во 1921 година. „Chanel No 5“ е првиот парфем во групата цветно-алдехид и прв по количината на алдехид во неговиот состав (легендата вели дека помошникот на Бо по грешка ставил премногу алдехид ). Во горните ноти се алдехиди, бергамот, лимон, нероли, иланг-иланг, во срцето композиции од јасмин, роза, крин на долината, ирис, а во основата се сандалово дрво, ванила, килибар и пачули.
5. „5th Avenue“, Елизабет Арден
Парфемот создаден во 1996 година го доби името по најпознатата улица во светот, која е олицетворение на богатството и луксузот како и имагинацијата која се претвори во реалност. Наменет е за жена со стил, која е паметна, успешна и елегантна. Горните ноти се јоргованот, цветовите од липа, росна магнолија, мандарина, бергамот. Во срцето се бугарската розова љубичица, , иланг-иланг, јасмин, индиска тубероза, праска, каранфил и морско оревче. Основата се состои од килибар, тибетски мошус, сандалово дрво, ирис и ванила.
6. „Light Blue“, Долче и Габана
Овој многу популарен летен мирис беше лансиран во 2001 година. Се карактеризира со лежерна нота која потсетува на цветно-овошниот ветре на сицилијанското лето. Сочните и влажни ноти на лимета и чемпрес предизвикуваат асоцијација со шума на морскиот брег.
7. „Classique“, Жан Пол Готје
Дрзок и сладок парфем создаден во 1993 година кој беше опишан со зборовите „мирис кој ветува задоволство“. Нотите од роза заведуваат во горните ноти, софистицирана орхидеја доминира во ритмите на срцето на парфемот и дрвенестите акорди, додека ванилата ги гали долните ноти на парфемот. Атрактивна е и амбалажата на парфемот – шишенце во облик на женско тело облечено во фустан од тантела во златно метално пакување.
8. „Opium“, Ив Сен Лорен
Четвртиот најпопуларен парфем на сите времиња. Ориенталната пикантна хармонија на овој провокативен и опоен мирис се состои од мандарина, јасмин, каранфил и ванила. Парфемот предизвика контроверзии поради неговото име, што ги налути Кинезите кои живеат во САД. Тие побараа Лорен, кој самиот го смисли името, да се извини за непочитувањето на кинеската историја и кинеско-американскиот проблем и да најде друго име. Сè резултираше со тоа што „Опиум“ стана еден од најпродаваните парфеми во историјата.
9. „L’eau d’Issey“, Исеј Мијаке
Како што го опишал и самиот Исеј Мијаке, овој парфем е „чист како изворска вода“ и ги комбинира ладните капки на водопадот, аромата на цвеќето и мирисите на пролетната шума. „L’eau d’Issey“ е цветно-воден мирис со воздушни ноти на лотос, фрезија, циклама и сочна диња. Средните ноти на божур, крин на долината и каранфил го откриваат карактерот на парфемот. Конечната основна нота е елегантна дрвенеста со кедрово дрво, сандалово дрво, мошус и килибар. Парфемот е создаден во 1992 година.
10. „Shalimar“, Жерлан
Еден од најпродаваните парфеми во светот е создаден во 1925 година, инспириран од љубовната приказна на Шах Шахјахан и неговата сопруга Мумтаз Махал. По смртта на неговата сакана сопруга, шахот во нејзина чест го изградил познатиот Таџ Махал како симбол на нивната љубов. Мирисот вклучува ноти на лимон, бергамот, јасмин, мај роза, опопонакс, грав тонка, ванила, ирис, темјан и амбра. Краток навестување на цитрус води во богато цветно срце со раскошна финална топлина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.