Модната дизајнерка и една од најпознатите жени во светот Викторија Бекам со својата објава привлече големо внимание и ја информираше јавноста за својот нов проект.

Познатата селебрити двојка Викторија и Дејвид Бекам наскоро ќе го објави својот документарен филм, а поранешната членка на групата „Спајс грлс“ најави уште еден голем проект.

Со сликата што ја објави на Инстаграм привлече големо внимание, бидејќи позира само во црн градник од тантела, па нејзината затегната фигура доаѓа до израз со акцент на мускулестите раце.

Наместо класичната фризура со која вообичаено ја гледаме, нејзината коса е собрана во уредна пунџа, додека лицето и е покриено со црн превез. Впечатливиот темно црвен кармин дава допир на елеганција, а околу очите има темна сенка за подраматичен изглед.

Со оваа објава Викторија Бекам објави дека ја лансира својата колекција парфеми, а познат е и датумот – 29 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.