Тешко е да им се одолее на сите специјалитети за време на празничниот период, па неретко се соочуваме со понекој килограм вишок откако ќе заврши. Но постојат намирници што го забрзуваат метаболизмот и кои се одлични сојузници за ефикасно симнување килограми. Можете да ги додадете во утринското кафе, па тој додаток во вашата омилена напивка ќе ви помогне да ослабете за краток период.

Состојки:
3/4 шолја кокосово масло
1/2 шолја мед
1 лажица цимет
1 лажица какао

Приготвување:
Измешајте ги сите состојки и мешајте додека убаво се соединат. Префрлете ги во чист, стаклен сад со капак.

Утре наутро, кога ќе си сварите шолја од омиленото кафе, додајте една до две лажички од смесата во кафето, додека сѐ уште е врело. Мешајте околу 5 секунди и уживајте!

Оваа мешавина ќе ви го забрза метаболизмот и со самото тоа ќе ви помогне да ги симнете вишокот килограми, а и вашето кафе ќе добие одличен вкус. Пробајте и набрзо ќе ја забележите разликата!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.