Првиот саем за козметика, коса и естетика во Македонија „Бјути експо ’23“ ќе се одржи од 12 до 14 мај 2023 година во хотел „Лимак“, Скопје. На саемот ќе учестуваат околу 40 изложувачи кои на посетителите ќе им ги претстават новитетите од светот и пазарот на оваа индустријата.
На саемот се добредојдени сите козметичари, фризери и естетичари како и секој краен потрошувач кој сака да се информира или набави производи за домашна, лична употреба по промотивни цени и саемски попусти. Домаќин и водител на саемот ќе биде Миа Костова, најавува организаторот.
На штандовите на саемот ќе има богата понуда на препаративна козметика за нега на кожа и коса за професионална и домашна употреба, производи за нега на раце и стапала, педикир, маникир, ппрема за салони за убавина, декоративна козметика, парфеми, фармацевтски производи, диетски суплементи, естетски ординации, дерматолошки ординации, школи и едукативни центри за нега и убавина.
Саемот ќе се отвори во петок во 17 часот за посетители, а во 20 часот ќе има официјално отварање со богата програма.
Влезниците се со цена од 200 ден. Можат да се набават на влез на саемот во хотел „Лимак“ или он лајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.