Хилари Александер, ветеран на британското модно новинарство и поранешен моден уредник на Дејли Телеграф, почина на 5 февруари, на нејзиниот 77-ми роденден. Британскиот Вог ја објави веста, а главниот уредник Едвард Енинфул ја опишува Хилари како една од „оригиналните модни новинари од старата школа“.

“Се сеќавам дека беше многу љубезна кон мене кога првпат го започнав моето патување во индустријата. Сите сакаа да читаат што има да каже за модата, но таа беше и урнебесна, секогаш можеше да ја почувствуваш нејзината енергија. Беше толку жива”, истакна тој.

Александер е родена во Нов Зеланд, од каде што емигрирала прво во Австралија, а потоа во Хонг Конг, сонувајќи за новинарска кариера. Се вработила во The China Mail, каде набрзо станала уредник на рубриката за мода, а во 1982 година се преселила во Обединетото Кралство. Во истата година, таа стана моден уредник на Дејли Телеграф, позиција на која беше 26 години. Хилари двапати беше прогласена за новинарка на годината на Британските модни награди, а во 2013 година беше наградена со Орден на Британската империја за нејзиниот придонес во модата.

Беше чест моден коментатор за Би-Би-Си, а во 2018 година објави книга посветена на нејзиниот омилен модел наречена „Леопард: најмоќниот принт на модата“. Таа стана и почесен претседател на Graduate Fashion Foundation, играјќи клучна улога во пронаоѓањето млади таленти меѓу модните дизајнери.

Александер ќе остане запаметена по нејзината енергија и ентузијазам, но и по бројните модни ексклузивци што ги обезбедија нејзините пријателства со модните гиганти како Џани Версаче, Зандра Роудс, Ли Меквин и Ричард Квин, како и нејзината беспрекорна работна етика. „Хилс“ имала репутација на лојална пријателка која знае да чува тајна (се додека таа може прва да ја објави приказната), а наводно лично го „измислила“ терминот „супермодел“.

Често ја опишуваа како голем професионалец и работохолик, но обожаваше и модни забави на кои често можеше да се види со чаша шампањ во внимателно негувана рака. Покрај принтот на леопард, таа често беше видена со лажни ѓердани од Маите околу вратот, цигара во раката и незаменливите квадратни диоптриски очила на носот. по нејзината енергија и ентузијазам, но и по бројните модни ексклузивци што ги обезбедија нејзините пријателства со модните гиганти како Џани Версаче, Зандра Роудс, Ли Меквин и Ричард Квин, како и нејзината беспрекорна работна етика. „Хилс“ имала репутација на лојална пријателка која знае да чува тајна (се додека таа може прва да ја објави приказната), а наводно лично го „измислила“ терминот „супермодел“.

Хилари беше нескротлива во сѐ што правеше. Таа го живееше животот во потполност и нејзиното модно покривање беше исто толку посветено. И направив забава во Париз кога се пензионираше…но таа никогаш не се пензионираше! Хилари никогаш не би можела да ја напушти индустријата што толку многу ја сакаше“, изјави Ана Винтур по веста за смртта на Хилари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.