Во Прилеп, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе може да се види етноизложбата „Перничињата на мама“. На изложбата се презентирани педесетина домашни ракотворби – перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашната оставина. Изложбата, на чие отворање присуствуваа градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот – Дејан Проданоски, беше отворена од етнологот Александар Цветкоски, кој посочи дека е многу убава идејата да се презентира традицијата. Изложбата е реализирана од активот на жени пензионерки при Здружението на инвалидски пензионери на Прилеп.
– Секој од нас како мал, на почетокот, ги имаше отсонувано своите први соништа на маминото перниче, направено своерачно од нашите мајки. Па затоа сакавме да ја пренесеме таа традиција по повод Осми март, Денот на жената – изјави Кирил Ристески, претседател на Здружението на инвалидски пензионери – Прилеп. За најубавите и автентични перничиња беа доделени три награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.