Познатата модна дизајнерка Росица Мршиќ повторно соработува со Еснаф, платформа за промоција, поддршка и поттикнување на македонските занаетчиски техники, претежно со вклучување на лица од најранливи категории. Во рамките на оваа соработка создадена e ‘Heritage’ колекцијата со цел да се зачува и да се негува традицијата на домашните занаети и рачна изработка.

Колекцијата е дизајнирана од познатата дизајнерка Росица Мршиќ и содржи современо дизајнирани рачно изработени модни додатоци инспирирани од богатото македонско културно наследство. Во колекцијата се вклучени: плетени, везени и чанти изработени со таписерија техника, ткаени појаси и обетки изработени од материјали остатоци од домашната кожарска индустрија, сите создадени по принципот на бавна мода и одржливи. Во секое парче од колекцијата е вклучена голема љубов и посветеност од локални занаетчии и изведувачи.

Оваа колекција ќе биде достапна за продажба во Pop Up продавница ‘Ready, Steady, Shop’ организирана од Еснаф во партнерство со Моден викенд и East Gate Mall, како и на онлајн продавницата на Еснаф. Продавницата се наоѓа на први кат и ќе работи од 15 до 31 март 2024.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.